English
НАШАТА ПРИКАЗНА
   Винаријата ФИЛОВСКИ е мала, семејна винарија сместена во идилична селска околина, во атарот на селото Прждево, во најдобриот и најпознатиот македонски вински регион Тиквеш. Нашите интереси за винарството потекнуваат од дведецениското искуство во производство на вино и нашето верување дека можеме да го пренесеме ова искуство и знаење во создавањето квалитет во кој ќе уживаат љубителите на вина.

   Специфичниот спој на медитеранската и на континенталната клима им дава на грозјата во Тиквешкиот регион уникатност којашто била причина да се негуваат лозовите насади во овој регион уште од античко време и поради што се дел од секојдневниот живот на луѓето. Ние се обидуваме да ја пренесеме оваа уникатност во вината кои ги создаваме, фокусирајќи се на локалните и на регионалните сорти, создавајќи вина кои ги чувствуваме блиски. Ние сме самите производители на нашите вина, ја создаваме и ја негуваме секоја капка вино и секое шише што ја напушта нашата винарија, создавајќи го и најмалиот детаљ.
   Нашите идни цели кон кои се стремиме се да го одржуваме високото ниво на квалитет, негувајќи ја оригиналната префинетост на семејните вина.
мапа на сајтот| полиса за приватност
© Filovski - Family Winary. Сите права задржани.