English
ПОЛИСА НА ПРИВАТНОСТ
   Ние од Filovski - Family Winery, ја почитуваме приватноста на нашите клиенти и ја цениме и штитиме довербата која ни ја давате. Со таа цел ние имаме развиено Полиса на Приватност за да ве убедиме дека информациите кои ги имаме прибавено за вас се користат само за целите за спроведување на бизнис соработка и понуди на продукти и услуги кои можат да бидат во ваш интерес. Како корисник на оваа веб страна, Вие се согласувате на полисите наведени подолу.

   Полиса на Приватност:
   Приватноста на оние кои ја посетуваат нашата веб страна е од примарна грижа за Filovski - Family Winery. Информациите за посетителите не се употребуваат на било кој начин поинаков од подоле наведеното. Кој тип на информација, на кој начин е прибавена и за што таа се употребува е објаснето во наредниот дел. Доколку имате некакви прашања во врска со нашата полиса на приватност, Ве молиме контактирајте не преку емеил или на +389 2 311 9784.

   Информации за Посетителите:
   Како и повеќето останати компании, Filovski - Family Winery автоматски го прати користењето на нашата веб страна. Водиме статистика за користењето на нашата веб страна пратејќи ги страните кои се отворени на Filovski - Family Winery, бројот на посетителите, и регионот од кој истите доаѓаат. Оваа информација се користи за да се анализира трендот на користење, да се прати употребата и да се подобри административниот дел на веб страната. Оваа информација не се користи со цел да се идентификува вашата личност. Вашата активност за време на посетата на нашата страна е комплетно анонимна.

   Комуникација со Клиентите:
   Filovski - Family Winery е единствениот сопственик на информациите прибавени од оваа веб страна. Како клиент на Filovski - Family Winery ние редовно ќе комуницираме со вас со цел да ви ги пружиме побараните услуги. Ќе одговараме, на ваша желба, преку емаил или телефон за било какви прашања кои ве интересираат, со цел да ја подобриме нашата услуга кон клиентите.

   Filovski - Family Winery веб страната може да содржи линкови до други веб страни на интернет кои не се во сопственост, или контролирани од Filovski - Family Winery. Ние не сме одговорни за полисите на приватност или содржината на овие веб страни, ниту пак значи дека Filovski - Family Winery ги подржува на било кој начин.
мапа на сајтот| полиса за приватност
© Filovski - Family Winary. Сите права задржани.