English
ЗА ВИНАРИЈАТА
   Темелите на винаријата беа поставени во 2005 година во идиличната околина на едно мало село, каде што климатските и почвените услови се уникатни, надополнети со чиста еколошка средина. Самата винарија е половина вкопана во ридот за да се одржува нешто пониска температура од надворешната, којашто може да достигне над 40°С во летните месеци. Моменталниот капацитет изнесува 100 000 литри, којшто сметаме дека е оптимален капацитет за одржување на високиот квалитет на виното.
   Винаријата содржи соба за дегустирање, како и лабораторија којашто е неопходна за секоја добра винарија, заради контрола на преработката на грозјето и на виното. Во лабораторијата се изведуваат голем број мерења, како што се: содржина на шеќер, содржина на киселини, растворен кислород и сл., со цел да се создаде квалитетно вино.
   Виното се чува во услови на контролирана температура, благодарејќи на инсталираниот систем за ладење, кој е истиот систем што се користи за контрола на температурата за време на ферментацијата. Посебната просторија за складирање, каде што чува флашираното вино, не е додатно ладена бидејќи температурата не надминува 15°С.

ГАЛЕРИЈА
мапа на сајтот| полиса за приватност
© Filovski - Family Winary. Сите права задржани.